Девизниот прилив кој Македонија го остварила минатата година од извоз на кондиторски производи изнесува 34,1 милион долари, што е раст од 19% споредено со претходната 212 година, или за 2,8 пати повеќе од 2000 година, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија. Една третина од извозот на кондиторски производи се извезува на српскиот пазар. Извозот на готови кондиторски производи во 2013 година достигна 13.220 тони, што е раст од преку 120% во однос на растот кој индустријата го забележа во 2005 година. Годишниот извоз на кондиторски производи од Македонија расте со стапка од преку 20%. Само виничката кондиторска фабрика Макпрогрес" првите пет месеци од 2014 година ги обележа со рекорден пораст на извозот.
Девизниот прилив кој Македонија го остварила минатата година од извоз на кондиторски производи изнесува 34,1 милион долари, што е раст од 19% споредено со претходната 212 година, или за 2,8 пати повеќе од 2000 година, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија. Една третина од извозот на кондиторски производи се извезува на српскиот пазар.
Извозот на готови кондиторски производи во 2013 година достигна 13.220 тони, што е раст од преку 120% во однос на растот кој индустријата го забележа во 2005 година.
Годишниот извоз на кондиторски производи од Македонија расте со стапка од преку 20%.
Само виничката кондиторска фабрика Макпрогрес" првите пет месеци од 2014 година ги обележа со рекорден пораст на извозот.
Како што информираат од компанијата, во овој период се извезени 3.308 тони кондиторски производи во вредност од преку 7 милиони долари што претставува пораст од 28% во споредба со истиот период во 2013 година. Со ова Макпрогрес најавува дека и оваа година ќе ја задржи и зацврсти позицијата на најголем извозник во прехранбената индустрија во Република Македонија.
- Со приближувањето кон крајот на првата половина на оваа година со задоволство можеме да објавиме дека Макпрогрес Виница во првите пет месеци од оваа година оствари рекордна продажба на странските пазари, велат од фабриката.
Компанијата, која брои 400 вработени, минатата година се издигна на прво место на листата за најголем извозник во прехранбената индустрија со извоз во повеќе од 40 држави низ светот, а остварува 44 отсто од вкупниот извоз на кондиторски производи од Република Македонија.
- Она со што особено се гордееме е дека само 5 отсто од извозот отпаѓа на производи под приватни марки на трговските ланци во регионот на Централна и Југоисточна Европа, додека 95 отсто е извоз на кондиторски производи под наши сопствени брендови, додаваат од Макпрогрес.